По паникава со денешниов кинески гостин имам чувство дека работите не стојат баш најдобро.
Изгледа направиле огромен, криминален кикс со Кинезите чим вака сега мораме отворено да молиме, коментира на Фејсбук Ивор Мицковски.

Денеска во посета на Македонија е кинескиот министер за одбрана генерал Веи Фенгхе, а властите очекуваат информација за вакцините.

Сега е многу интересно да се види што ќе правиме после овие 24 илјади вакцини.
Ќе има ли континуитет, ќе дојде ли некоја поголема пратка, настрана овие симболични квантитети.
По паникава со денешниов кинески гостин имам чувство дека работите не стојат баш најдобро.
Изгледа направиле огромен, криминален кикс со Кинезите чим вака сега мораме отворено да молиме.
Русите дадоа 6 илјади и таму не се гледа ништо повеќе на хоризонтот.
Ќе излезе на крај пак да молиме и од регионот за некоја вакцина колку да се замачкаат очи.
Ситуацијата е неверојатно драматична, а властите испаднаа драматично неодговорни и неспособни.
Ако пропадне и следна голема пратка во април, мислам дека ситуацијата ќе можеме да ја наречеме тотален дебакл.
И сега е џабе ама тогаш особено ќе биде џабе моабетот на апологетчињата и полтрончињата како било низ Европа, они веќе го бранат неодбранливото, така и ќе си продолжат, само ќе нема кој да ги слуша.
Инаку со Фајзер се уште немаме договор, за што Венко уште во декември излажа дека е потпишан.
На ден сме од 1 Април, ах каква иронија, пишува Мицковски.

Сега е многу интересно да се види што ќе правиме после овие 24 илјади вакцини.
Ќе има ли континуитет, ќе дојде ли некоја…

Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, 30 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.