Владата доби пак мнозинство во Парламентот, и така, се потврди дека таа институција постои само да ја оддржува оваа коалиција на власт, коментира активистот Ивор Мицковски, според кого институциите не функционираат за ништо друго, туку само за оваа „нефункционална и криминална власт“ да продолжи да владее.
Тоа што Собранието е инаку блокирано, а си течат патни трошоци никого не го интересира.
Тоа што борбата против корупција и криминал е фарса додека се краде од сите страни не е важно.
Тоа што немаме една вакцина, раководењето на ковид кризата е катастрофално, и никој повеќе не верува на лагите за вратени аванси или дека други земји не добивале, воопшто не е важно.
Што државата е депонија, што сите владини функционери станаа шерифи, што се гради насекаде и се уништува природата, што град ко Тетово нема вода, не е воопшто важно.
Важно е дека институциите функционираат само за оваа нефункционална и криминална власт да продолжи да владее, вели Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.