Не бе дечки, оставката е класично бегање. Требаше да си добие отказ или да остане на позиција додека не се отвори и затвори истрага за потеклото на имотот и за софтверот, пишува на Фејсбук активистот Ивор Мицковски, по оставката која ја поднесе Драги Рашковски од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

Поранешниот генерален секретар на Владата Рашковски  утрово на својот фејсбук профил го објави писмото со датум од 12 април кое го доставил до премиерот Зоран Заев, во кое ја образложува оставката.

Со името на Рашковски се поврзуваа низа скандали. Најпрво беше објавено дека додека бил генерален секретар на Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци од 81.000 евра кој никој не го користи. Потоа среде пандемија замина на двонеделен одмор во Мексико. Пред два беше објавено дека Рашковски вози џип од 78.000 евра кој не му е пријавен во анкетниот лист, а потоа и дека Рашковски во селото Побожје, Скопска Црна Гора почнува да гради луксузна хациенда.

За да си остане запишано дека додека бил на позиција злоупотребил средства или енормно се збогатил. Вака, само си го спасувате човекот, додека глумите морална одговорност, пишува Мицковски.

Не бе дечки, оставката е класично бегање.
Требаше да си добие отказ или да остане на позиција додека не се отвори и…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 14 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.