Уште чекаме одговорност за трагедијата во Тетово, се случи трагедијата од Струма.
Автобусот немал лиценца за меѓународен транспорт, вратите не се отварале, се превезувал бензин, дури и се шпекулира дека шоферот не бил ни вработен во фирмата – коментира Ивор Мицковски по последната несреќа кога 45 патници изгореа во автобус на Беса Транс кој се запали во Бугарија на враќање од Турција.
Тој вели дека од ќутење и преќутување на целокупната нефукционалност ни е општава несреќа.
Повторно значи се потфрлило, се потплатило, се преќутило, неодговорно и несовесно се работело, пак сега ќе ни даваат банални одговори што требало и дека ќе се утврдувала објективната одговорност.
Ги гледам цел ден бугарските вести и дебатни емисии, внимателни се дури и во тонот и во присебноста, но одговори одма се бараат од одговорните таму и во име на јавноста и на жртвите.
Овдека само смешни покани да не се зборело, да се ќутело сега.
Од ќутење и преќутување на целокупната нефукционалност ни е општава несреќа – коментира Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.