Ние сме држава само за политичарите, но не за народот, обесправените и нивните маки, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Една година не можат да преземат ништо околу Јавна соба и тие 5-7 илјади силеџии кои си мислат дека разменуваат сликички.
Градоначалник не може да смени докажан и повторлив насилник директор на Основно.
Се јавува случај за сексуално насилство врз малолетници и темата се претвара во партиски препукување.
Па каква е оваа држава која гарантира некакви права, што прави таа полиција, што е со вашите реторики и демагогии.
Кога некој политичар ќе добие закана на социјални мрежи, лицето се наоѓа и апси за 24 саати. Овде збориме за организирано и смислено насилство од страна на илјадници врз илјадници други и никој не постапува.
Ние сме држава за политичарите само, пишува Мицковски на Фејсбук.

Една година не можат да преземат ништо околу Јавна соба и тие 5-7 илјади силеџии кои си мислат дека разменуваат…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 27 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.