Така функционираат малите држави на Балканот, како јужноамеричките до пред 20-30 години, коментира активистот Ивор Мицковски, кој додава дека на избори одиме без попис, без прочистен избирачки список, без една изборна едниница, само со катастрофа од короната и масовен поткуп.

Прејака е државава.
Добиваш бомби од странци.
Со странци создаваш Пржинска Влада.
Со странци создаваш СЈО.
Мимо странци си тераш криминал во кој инволвираш дубиозно поставени шефови на СЈО.
Си креираш и медиум каде крунисуваш нов медиумски могул.
Лапаш рекет преку нив, клопчето се размотува, они го јадат ти си лабав.
Со поддршка или барем преќутување на странците ја затвораш работата, јер јебига, во регионот има уште работи за дотерување(види Србија-Косово).
Ништо од шоуто со бомбите не е процесуирано (со исклучок на некоја греота што плаќа за главоњите) главните злосторници се на слобода или избегани, нивните помагачи кои потоа станаа твои се амнестирани и богати.
Ужасната и нереформирана опозиција ти служи за да ја тераш нивната груевистичка кампања „Некој друг е крив“, и да изгледаш помалку лошо.
Нема правда, нема попис, нема прочистен избирачки, нема една изборна, има само катастрофа од короната и масовен поткуп, и така си одиме на избори.
Така функционираат малите држави на Балканот, како јужноамеричките до пред 20-30 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.