Нели ви е срам вие кои го пуштивте да избега, вие кои бевте частени власт за да донесете правда, да фурате слична демагогија, прашува аналитичарот Ивор Мицковски во својот пост на Фејсбук, коментирајќи ги билбордите на СДСМ во кои се заплашува народот дека ако не излезе да гласа на 15 јули ќе се врати на власт Никола Груевски

Гледам ставиле подоста од билбордиве: Ако не гласаш ќе се врати Груевски.

Добро бе, нели ви е срам вие кои го пуштивте да избега, вие кои бевте частени власт за да донесете правда, да фурате слична демагогија.

Па ем се издавате дека сте очајни за излезност, ем демотивирате гласачко тело. Тие што ги имате изгубено, не ги враќате со ваков очај. Тепајте си се во вашите партиски клиентели, другиве ги изебавте, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.