Аналитичарот и активист, Ивор Мицковски, има песимистички очекувања за развојот на епидемијата на Ковид-19 во претстојните зимски месеци кога значително ќе се зголеми загадувањето на воздухот во градовите низ Македонија.

За на отворен простор наскоро ќе требаат гас маски, така да не се жестете на таа тема.

 

Заборавивме на загадувањето, пак мерењето е сведено на минимум, со гасификација не сме до никаде, додека светската наука, особено од интензивно загадени региони, како на пример Бергамо во Ломбардија, потврдуваат дека високото загадување и стапката на смртност од Ковид се во тесна корелација.

 

Скопје останува еден од најзагадените градови во светот и во Европа, нашиот сообраќај и понатаму е автоцентричен, и последните италијански студии потврдија дека пиковите на ПМ 10, ПМ 2,5 и ПМ 1 честици, особено во близина на сообраќајот и на урбаните места, најмногу ги погодуваат најмладите.

 

Така да, старите од Ковид, младите и сите остали од загадување и Ковид, не очекува една долга, језива, загадена и заразна зима во Скопје и низ Македонија.

 

Купете си добри маски и кој може прочистувачи, уште од сега – пишува Мицковски.

За на отворен простор наскоро ќе требаат гас маски, така да не се жестете на таа тема.Заборавивме на загадувањето, пак…

Gepostet von Ivor Mickovski am Dienstag, 22. September 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.