ДУИ кое ќе беше рушено од спасителот Заев не може да се помири да има под 20% Албанци, затоа што не сака да си признае дека беше дел од режимот кој исели преку 500 илјади луѓе за 10 години, кој загорчи и уништи живот на цели генерации, коментира активистот Ивор Мицковски, по последните изјави околу пописот.

Заев: Пописот не е политички процес статистички е. Правата се стекнати.
ДУИ: Ако Албанците се под 20% не го признаваме.
Мора да сме над 25% во 2002 бевме толку.
На крај ќе испадне дека сме 3 милиони со 35% Албанци, само овој пат нема да го прекинат. ДУИ кое ќе беше рушено од спасителот Заев не може да се помири да има под 20% Албанци, затоа што не сака да си признае дека беше дел од режимот кој исели преку 500 илјади луѓе за 10 години, кој загорчи и уништи живот на цели генерации, коментира Мицковски.

Додава дека наместо да се замолчат или натераат на молк, премиерот ги почасти повеќе позиции и функции од кога и да било.

И тоа е стекнато право Зоки, благодарение на тебе партијата која ги закрепости, наместо да ги ослободи Албанците, која ги избрка, која со тоа ги дотепа и Македонците и сите остали, и покрај смешните изборни резултати и тежина, ќе владее со пола, а некогаш и цела држава.
Јебете попис што е битен, се е до ваш гаден договор, овде нема реално луѓе, ова е земја на купени ботови, а таму сте избројани и пребројани.
Ова пописов испаѓа дека покрај за политичка потврда е за овие 50 илјади будали што нешто прават, и пола милионот кој кидна од кикирики државава, вели Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.