Заев: Разноликоста на листите потврда за слободата, затоа се јавија повеќе граѓани за советнички листи и градоначалници.
Маму му ебем и ова да ти било негова заслуга.
А да не е случајно дека многуте независни листи кажуваат дека сте ги разорачале кај граѓаните токму слободарските очекувања, ветувањата за борба против криминал и корупција, дека нема да продолжите по патот на претходните – коментира поранешниот функционер во СДСМ, Ивор Мицкоски.

Денеска Заев прашан дали тоа што се појавија повеќе граѓани за советнички листи и градоначалници е резултат на нивниот револт од политиките на партиите, изјави:

Разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата носи повеќе демократија.

Тој додаде и дека ни претстојат многу важни избори на кои доминантен сегмент ќе биде личноста на кандидатите и перцепцијата која граѓаните ја имаат за нив, па оттука смета дека логично е на листите да се јават повеќе охрабрени граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.