Политичкиот аналитичар и поранешен висок член на СДСМ Ивор Мицковски јавно прашува колку ја чини државата возењето мотор или квадови кога тоа го прави претседателот на Владата Зоран Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека на Беласица тој и син му Иво се дружеле и возеле мотори на четири тркала со Заев и неговиот син Душан.

Мене ме интересира само една работа.
Колку плаќа или колку повеќе плаќа државата за обезбедувањето на Заев секој пат кога приватно или професионална ќе си одлучи да вози мотор или квадови.
Пошто знаеме дека во некои моторџиски авантури покрај земјеното обезбедување го следи и воздушно со хеликоптери.
Авантуризмот дечки дури и приватен, ја чини државата, а никој не ве прашува за тие трошоци, пишува Мицковски.

Мене ме интересира само една работа.
Колку плаќа или колку повеќе плаќа државата за обезбедувањето на Заев секој пат…

Posted by Ivor Mickovski on Saturday, 2 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.