Таблите и спомениците кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите на бугарскиот фашистички окупатор, не се спомениците на Груевски, па да ги ликвидираш со некаков договор, и ако нешто заслужува да биде прогласено за светско историско и културно наследство, тогаш тоа се овие споменици за кои Заев се фали дека ги елиминирал, му порача активистот Ивор Мицковски на премиерот по денешното интервју во БГНЕС.

Кој ти го дал тоа право, како и правото да ја негираш и ревидираш, релативизираш нашата најголема историска борба, жртвите и спомените на нашите предци, отпорот кој ја создаде македонската држава во рамките на Југославија, по што го кодифициравме нашиот јазик и ги институционализиравме сите наши национални, културни и обичајни карактеристики.
Се е погрешно во менталниот склоп на Заев, ова е доказ до каде на еден политикант му тежи историјата и националниот континуитет.
После ваков кикс се поднесува оставка, се пакуваш, си заминуваш, пошто не може политичар со памет на пазараџија, кој вака ја издава историски исправната позиција на својот народ и држава, да продолжи да ја води земјата, вели Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.