Годишниот одмор на поранешниот генерален секретар на Владата и актуелен советник на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски, се уште е свежа тема за неверување.
Заминувањето на Рашковски и одобрувањето на Заев за Ивор Мицковски е врвна ароганција, неодговорност и дрскост која доаѓа во моменти кога Рашковски се сомничи за сериозен криминал.
Само епска будала која нема тронка одговорност мисли дека во момент кога за него се отвара сериозен криминал, тој може да побегне на одмор, па уште во Мексико, а се сомничи за ненаменско трошење на буџетски средства.
Треба се разбира уште една епска будала, неговиот газда, да му дозволи ваква ароганција во момент кога треба да е тука и да положи одговорност.
Значи, превидлива е селективноста, ова правна држава никогаш не може да биде, и вие сте изворот и бранителите на криминалот и корупцијата.
Како врв на се тоа доаѓа и вашата тотална неодговорност и дрскост.
Ама избори ќе има во земјава и нема изборен криминал кој ќе ве спаси во иднина.
Ова однесување веќе зборува дека не знаете каде терате, дека сте спремни на се, дека се понашате глупо ко режимот пред да падне, пишува Мицковски.
Само епска будала која нема тронка одговорност мисли дека во момент кога за него се отвара сериозен криминал, тој може…
Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, 16 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.