Ја поздравувам одлуката на Владата и храброста на Заев да ги заштити институциите и коалицијата од штетни елементи како Пауновски.
Се приклучувам на секој поддржувач на оваа власт и сакам да кажам дека бевте во право, секогаш сте биле во право, неколку будалетинки цело време неоправдано ве дестабилизираат.
Ваква власт и ваква јавност не заслужуваат критика или слободна мисла, заслужуваат само спокој и поддршка во своите потези.
Отсега само молк и климање за вас – коментира аналитичарот Ивор Мицкоски.

Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.

Ја поздравувам одлуката на Владата и храброста на Заев да ги заштити институциите и коалицијата од штетни елементи како…

Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, 27 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.