И Османи бил жртва на хистеријата на јавноста.
После Заев и Шилегов, уште еден политичар падна душевно болен од граѓанската хистерија.
Замисли ние имаме емотивен вишок и сме анксиозни и оштетени, а они што се со криминален вишок и мањак на одговорност, дури и навредени ќе испаднат.
Мозок немате, основна емотивна интелигенција – напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека во саботата бил во јавен увид за употреба на Законот за употреба на јазиците и оти не се работи за инспекција.

Исто така, рече дека ќе ја плати казната што му била изречена од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, посочувајќи дека тој би можел да ги предводи двете кампањи – првата, за употреба на албанскиот јазик и втората, за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.