Глупаци, наместо да стават лажна граница пред Дојран, истурат тоа вишак тоните сол што градоначалниците ги купуваат по астрономски цени секоја зима, отворат 200 Донери, набутаат тоа 200к српски туристи у пличак, они ќе им отвараат бесплатен пат по аутопут Пријатељство за Грција, коментира активистот Ивор Мицковски по денешната вест дека српските туристи ќе може да ги користат бесплатно македонските патарини, но само оние по Коридор 10, кој води од „Табановце“ кон граничниот премин „Богородица“, но не и за патување кон Охрид поради тоа што на овој патен правец нема електронска наплата.

Српските државјани кои сакаат да одат во Охрид преку автопатот Скопје-Гостивар, или во Дојран преку автопатот Скопје-Штип, нема да можат да го користат подарокот од македонската влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.