Не може докажани кримоси да ти бидат тајни или јавни преговарачи со Бугарија.
Прво Љубчо, сега гледаме и Бучко специјален владин преставник за Бугарија.
Да расчистиме една работа.
И двајцата извршија невиден криминал и ја оштетија државата за стотици милиони.
Едниот со Окта и други политички срања, другиот со “тенковски делови” два пати осуден на затвор, на кој и Грујо, и денес Заев му го чуваат случајот во фиока.
Ова кажува повеќе за Заев отколку за кој било друг. Кој се дружи со кримоси, и институционално ги инволвира само зошто понизни и лигави, и самиот е криминалец.
Да не збориме дека и двајцата одржуваат низ годините еден или друг вид на односи со Бугарија и се повеќе од проблематични ликови во интерес на македонските позиции.
Овие двајца, веќе ја шитнаа Македонија со криминал и лоши политики, сега ќе не помируваат со тие кон кои гајат симпатии и имаат приватни интереси.
Гадно, погрешно, криминално, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.