Хмм, функционериве почнаа опасно да морализираат околу смртта на овчарот, изгледа народот ќе мора да бега од одговорност, коментира на Фејсбук Ивор Мицковски, откако вицепремиерите Никола Димитров и Љупчо Николовски побаараа одговорност за смртта на Златко Божинов, овчарот од кратовско.
Утринава во штипската болница почина шеесет и тригодишниот овчар, кој беше една седмица во кома по претрпен мозочен удар, за кого јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото кое не можело да стаса поради непристапен терен.
Хмм, функционериве почнаа опасно да морализираат околу смртта на овчарот, изгледа народот ќе мора да бега од одговорност.
Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, 6 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.