Поминаа точно 2 месеци од катастрофата во Тетово во која живот изгубија 14 наши граѓани.
Модуларната болница изгоре за 3 минути, со ѕидови направени од пур пена, купени од фирма на поранешен министер. За виновен беше прогласен продолжниот кабел.
Одговорноста, политичка и морална за министерот и неговиот заменик не беше прифатена од премиерот кој би требало сега да е во оставка ама еве веќе осми ден бега од јавноста и од институциите и пишува статуси до својот „народ“ кој би требало да го спаси од лошите чичковци.
Во меѓувреме се води и понатаму црна кампања од страна на власта која очигледно не сфати дека изборите завршија, а они катастрофално ги загубија, коментира Ивор Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.