Не само што не прават ништо позитивно, туку се жив апашалук се сите министерства што ги водат ДУИ, вели Ивор Мицковски додавајќи дека власта може да зборува колку сака за ветинг, но ДУИ им направи ветинг во цела држава.

Државава е општо лудило, не се дига глава од криминал и неказнивост, секоја недела се случува некоја нова епска глупост, ама ДУИ се најаки.

 

Дувлото на криминалот во Чаир си открива споменик на Вудро Вилсон и си држи свечена академија, каде Али раскажува приказни за Америка.

 

Теута ќе иде во Вашингтон каде се чувствувала како дома. Како бе сестро како дома, Вашингтон не е тетовска депонија да ти е ко дома.

 

Оној Муки од СДСМ збори како не сакал коалиција со ДУИ, а седи во партија. Па излези бе мајсторе, што само причаш причи.

 

Сите министерства што ги водат ДУИ, ај што не прават ништо позитивно, него станаа жив апашлук и тоа пред сè на етничка основа, дали е Култура во прашање, делење тендери или нешто трето. Да не збориме за други скриени бизниси и криминали. Нема оправање дечки, зборете вие за ветинг, плачете колку сакате, ДУИ ви направи ветинг во цела држава, порача Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.