Градоначалникот на Општина Центар, Општината и неколку луѓе ангажирани околу урбанизмот, со сите други саботирања од останатите институции, вклучително и со планерските куќи, едни те исти кои што ги работеле и претходните планови и кои што е евидентно дека не се добри, да ги преработуваат истите планови и уште да ни ‘продаваат’ прикаска дека работат за еден денар по квадрат, затоа што го сакаат сопствениот град, е буквално приказна за мали деца. Овој урбанизам, како и сите останати урбанизми, во најголем дел спорни, се одвиваат во спрега инвеститор – планер – општина, град и архитект проектант, изјави Раѓеновиќ.

Сите се вмешани, а особено се вмешани довчерашни квази борци против истото кои еднаш кога влегоа по институциите само дадоа свој придонес во легализирање на режимските криминали.
Овие политичари кои ова го овозможиле, изградија кариери критикувајќи го ваквото градење, добија поддршка, гласови и функции, за сега само да продолжат со криминалот.
Го доградија криминалниот проект СК 2014 и отворија нов криминал СК 2024, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.