Заев: Нема недопирливи и можеби сум пристрасен, но сметам дека постапувал законски.
Ај вака, недопирлив си и пристрасен си.
Во исто време си и премиер и судија и адвокат и обвинител.
Во исто време си недопирлив за сите криминали што се случуваат под твое водство.
Што мислиш не знаеме ние дека твојот миленик Рашковски е влезен во безброј криминали, дека ова со софтверов е само капка во морето.
Па, не не сметај за толку глупи, та не сме од вчера и не сме гости тука, живееме и се бориме во оваа несреќна земја.
Така да, намали со демагогијата и семоќта во исто време, кога тогаш таа скапа илузија ќе се сруши и ќе останеш гол.
Но, засега ќе се задоволиме и ние дека твојот близок соработник криминалец, малку се претерал, па можеме да го гледаме овој театар.
Вие мислите дека така создавате правна држава, ние знаеме дека само си правите покритие за криминалот и селективноста.
И тоа ќе помине…, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.