Колку партијата не ти чини и луѓето во неа ти се трули се гледа по криењето од цела една недела, коментира Ивор Мицковски, кој го повика лидерот на СДСМ и премиер кој најави оставка, Зоран Заев, да излези и да се соочи со проблемите кои сам си ги создаде.
Го нема лидерот – ги нема ни глувците, или лидерот кога ти е кукавица, сите по него, во општа кататонична тишина.
Не се води политика така, камоли држава. Гласни додека горе, црвови еднаш доле.
Имаме сериозни проблеми, пред се економски, здравствени, енергетски, да не речам материјални, и нема човек во државава кој во моментов може да се посочи како одговорен или нешто да преземе.
Не може одлуки да се носат само во затворени соби и да се комуницира со соопштенија, па уште и тотално дилетантски и без компас за политичката реалност на моментот.
Вака не се владее и не се однесува-макар и било пред оставка или што и да е.
Дополнително иритира што владата ги користи своите платеници во медиумите и ботови на социјалните мрежи за пласирање тези, лов на вештерки и разно-разни спинови.
Ова не личи на ништо, излезете пред јавноста и соочете се со ситуацијата и проблемите кои самите ги создадовте или ги влошивте, му порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.