Како не, Делчев бил познат по своите проатлантски заложби, саркастично реагира Ивор Мицкоски за статусот на Зоран Заев посветен на 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во кое пишува дека бил убеден дека „Делчев и револуционерите од тој период се горди на нашето денешно остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО и кога сме на чекор до поканата за старт на преговори со Европската Унија.
Заев: Убеден сум дека Делчев е горд на нашето остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО.
Како не, познат бил по своите проатлантски заложби.
Дури во една прилика, опколен од аскерот има кажано: „Како добро би ни дошла воздушна поддршка од НАТО во ситуацијава“, коментира Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.