Вие сте изгубени во времето и просторот, вели политичкиот аналитичар Ивор Мицковски, алудирајќи на тематскиот прес на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски денеска имаше прес-конференција на која тема беше буџетот на МВР, а не беа дозволени прашања за автобуската несреќа во Бугарија во која животот го загубија 45 македонски граѓани, а седумина беа повредени.

Поминале три дена жалост, јавноста има повеќе прашања од одговори, инспекторатот за транспорт не можел да направи вонредна инспекција, па ќе ја закажувал, институциите потфрлиле до тој степен што автобусот на Беса турс во само две години 135 пати излегол од државава со погрешна лиценца, и на се тоа и многу повеќе што нели е шпекулација ако се изнесува, дибидус како Спасовски решава да одржи “тематски” прес без новинарски прашања и да ни збори грозоморни глупости за идниот буџет.
Не дека не сте добри, вие сте изгубени во времето и просторот, пишува Мицковски.


0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.