Шеќеринска: Македонија е мала, сите имаме многу братучеди.
Значи ли тоа дека во големите земји помали се семејствата, помал е уделот на братучедството, или пак дека таму полесно се крие непотизмот.
Небитна е големината на земјата министерке, Турција е голема земја и владее огромен непотизам, Словенија е колку Македонија па непотизам речиси и нема.
Во однос на историјата на непотизмот, нема мали и големи земји, има големи и мали непотизми.
Вашиов оди накај голем.
Македонија е мала држава и луѓето имаат многу роднини и пријатели, е коментарот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на обвинувањата на јавноста дека владејачката СДСМ и нејзините партнери ги злоупотребуваат својата моќ и влијание за да ги вработуваат своите блиски во атрактивни државни институции. Во интервју на Телма посветено на евроатланските интеграции, Шекеринска ги коментира последните случаи на непотизам – вработувањето на сестрата на министерот за економија Кресник Бектеши во МЕПСО и ќерката на пратеичката Емилија Александрова.
Не сакам убавата вест да ја третираме како дел од овие дебати. Јас сум спремна и тие да дискутирам, не за 30 секунди, ќе се согласите. Меѓутоа кога ќе ми најдете држава со два милиони во кои што семејствата на сите некако ќе исчезнат и нема да се дискутира, јас ќе ви кажам браво, одговори Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.