Царовска: Учениците уште од најмали ќе имаат знаење како да препознаат вистинита информација и лажна вест.
Значи ве води функционално неписмен кој секој ден лаже и шири лажни вести и кој во 4 години владеење, три пати излажа дека сме добиле датум за ЕУ – пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.
Денеска министерката за образование, Мила Цароска изјави дека децата од најмала возраст ќе препознаваат лажна вест. Министерката подвлече дека МОН презеле активисти преку новата концепција за основно образование која започнува со примена од наредната учебна година во прво и четврто одделение, каде медиумската писменост и критичкото мислење ќе бидат столб и ќе бидат интегрирани во сите наставни предмети.
На тој начин ќе ги научиме учениците уште од најмала возраст да препознаваат лажни вести, но и ќе создадеме можност нашите ученици да бидат изложени на вистинити информации, кои ќе знаат како да ги проверуваат. Но, интензивно работиме и на подготовка на наставниците, кои често знаат да се таргет на лажни вести, кажа Царовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.