Каде се видело претседател на НАТО членка да активира разузнавачки служби против земја членка на НАТО, и тоа на непостоечки основи, на некое си наводно писмо од Битола.
Пострашното е што нашите власти на тоа не реагираат, како што и не реагираат на целата кампања од Софија, нешто што веќе излага од нивните предизборни логики и делува како трајна и долгорочна поставеност кон Македонија.
Дечки, сами ако не се заштитиме, ние ако не реагираме, ние ако дозволуваме со нас да се брише патос и вака дрско да ни се мешаат во внатрешните работи, тогаш нема сила на светот што може да ни помогне, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.