Дечки бе, не можете неснаоѓањето со вакцините да го компензирате со полициски час од 22 до 5 сабајле, пошто ако сте погледнале подалеку од вашиот нос ќе видите дека Скопје и цела држава живее поактивно и подинамично преку ден, со огромни гужви и собирања насекаде, било да е кафич, кафана, продавница, парк, трговски или пазар.
Ако ги тргнеме маските, по ништо не би приметиле дека има некаква здравствена пандемија.
Така да, баталете алиби политики, преземете конечно одговорност или фатете се за работа.
Очигледно е дека претешко ви оди, можеби ви треба одмор, порачува на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.