Датум за преговори нема, изгледа ова е петти пат како не излажаа и така купуваа време, издејствуваа едни предвремени, одржуваа политички консензус после изгубени локални, купуваа дури и пратеници, коментира аналитичарот Ивор Мицковски.
Тоа е, натераа и други да лажат за да го оправдаат нивното лажење кое трае со години.
Уживај Кастриот, ти излажа само еднаш.
И во 2022 влегуваме со неиздржлив товар од лаги, со ослабната власт која ќе и треба време да се консолидира, со милионерски криминалец како Бучковски за преговарач и со Али, Груби и Османи како главни играчи, предлагачи на фантазмагорични планови Б или „француски сендвичи“ додека Албанците и нивните претставници воопшто не ги интересира бугарското силување и македонските чувства.
Останува да се надеваме на бугарската страна дека ќе биде поразумна, но тоа не значи дека ќе биде повеќе попустлива, напротив, ќе биде построга, поригорозна и пометодична во пристапот и во остварување на своите барања.
Политичкиот одлучувач воопшто не го интересира историската вистина, го интересира само како да ја направи неговата вистина кохерентна со неговите политички цели.
За жал, додека е разбирливо тоа да биде позицијата на Бугарија, затоа што врши историска и морална ревизија, тотално неразумно е таков да е случајот и со нашите политичари.
Гледаат само како да излажат дека нешто прават или дека нешто ќе постигнат без сериозни и неприфатливи откажувања од нашите историски и национални атрибути.
Еве ја оставштвината на еден премиер во заминување: лаги, понижувања и одложувања – пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.