Оваа власт мора да понесе одговорност за многу прашања и теми, мора да се соочи и со поразот и со понудените, а нереализирани оставки. Она е сега како тело кое губи делови, раце, нозе, до март ќе ја изгуби и главата, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.
Владината коалиција е решена да остане на власт по секоја цена, да погледнеме што ги чека овие што сами си преткажаа дека “за пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо”.
Ги чека крајно непопуларен договор со Бугарија кој ќе нема како да се изгласа.
Ги чека најверојатно ново разочарување околу датумот, не знам, 4-5 по ред ли е?!
Не чека сите енергетска криза која оваа власт допринесе да ја дочекаме комплетно неспремни.
Не чека сите најнов и сигурно многу лош бран на корона појачан со Делта+ сојот.
И не чека катастрофална економска состојба која веќе се наѕира и чувствува кај граѓаните.
И оваа група на власт која се презентира за прогресивна, а која е делегитимирана, криминализирана, неспособна за промена и преземање одговорност, мисли дека ќе не истера низ овие предизвици.
Оваа власт мора да понесе одговорност за многу прашања и теми, мора да се соочи и со поразот и со понудените, а нереализирани оставки.
Ќе биде мачно за гледање и живеење оваа надолна линија, цехот како и секогаш ќе го платат граѓаните и земјата, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.