Ваква глупоча од состојба не е видена до сега, цело време истите грешки, истиот неуспех и катастрофа од едните исти луѓе и само некои нови ветувања, нови слогани и нови демагогии. Вака активистот Ивор Мицковски ги коментира денешните внатрепартиски избори во СДСМ.
Си направија избори и парламентарни и локални, си славеа, ветуваа функционална Влада и ефикасна борба со пандемијата, се ажурираа, си направија внатрепартиски избори на едноумието, добивме повеќе ДУИ, бројките на заболени се ужасни, секој ден умираат повеќе од 20 луѓе, една вакцина немаат обезбедено, криминал и корупција цвета.
Ама не разбираме ние, ова бил патот кон една нова, подемократска фаза.
Ваква глупоча од состојба не е видена до сега, цело време истите грешки, истиот неуспех и катастрофа од едните исти луѓе и само некои нови ветувања, нови слогани и нови демагогии, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.