Брука сте со вашето однесување и тоа на прашање кое го тангира здравјето на луѓето, коментира на Фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски, алудирајќи на скандалот со набавка на кинеските вакцини за Македонија.
Како тоа Филипче и Заев мислат дека нема никаков скандал во нивниот обид преку приватни и дубиозни посредници кои Пекинг не ги одобрува да набават вакцини.
Како мислат дека не е скандал кога една земја сака да ги прескокне официјалните канали на друга земја, односно да ја бајпасира кинеската амбасада и така нешто да набави.
Тоа е дипломатски скандал, потоа е скандал како држава користи приватни посредници и лови провизии, кога јасно им е предочено дека мора да работат со државните фирми, потоа е скандал затоа што ја лажеа јавноста, а сега е скандал затоа што релативизираат и бегаат одговорност.
Брука сте со вашето однесување и тоа на прашање кое го тангира здравјето на луѓето, пишува Мицковски.
Како тоа Филипче и Заев мислат дека нема никаков скандал во нивниот обид преку приватни и дубиозни посредници кои Пекинг…
Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 10 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.