Денес имаме тројца починати и 38 новозаразени, што кажува дека и понатаму се бара мала воздржаност од граѓаните и политиката, вели Ивор Мицковски.

Според него политиката од воздржаност се откажа, што заради етнички гласови и негубење поддршка од верските заедници, што заради партиски интереси за брзи избори.

Нам не ни требаат повеќе рестриктивни мерки, пошто очигледно од нас граѓаните зависи.
Но, примерот од Јужна Кореја е индикативен.
Први отворија, први повторно се затвораат.
Одново ги затвораат музеите и парковите, и повикуваат да се избегнуваат гужви, ресторани и барови.
Јас пак не се сомневам, дека ако стварно пак ни загусти и им избледат шансите за избори, пак ќе воведат карантин и полициски час, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.