Откако падна таван во тоалет во студентскиот дом „Стив Наумов, на социјалните мрежи се крена врева околу условите во кои живеат академските граѓани. Се огласи и поранешниот висок функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, еден од главните критичари на актуелните состојби во државата.
Тој напиша:

Паднал таван во студентски дом.
Се приземјил. Изгледа бил стар модел, барем 10-15 години.
Ама нема кој да го репарира, камоли нов да изгради, или Тевдо да пушти некои 15-20 мил. евра.
За сите студентски во државава се трошат само бедни 1 мил. евра годишно.
88% не сакаат да си одат од државава, сакаат да бегаат од тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.