Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на порталот Инфомакс, истакна дека не го разбира Зоран Заев зошто воопшто одбил помош за руските вакцини кога се дозволени во Европската унија, додека лицемерно компаниите на Заеви извезуваат земјоделски производи во Русија за сопствен бенефит, а тука станува збор за здравјето на граѓаните.
Мислам дека секоја помош требало да се прифати и да се обезбедат час поскоро. Ако е точно дека одбиле тогаш тие напраавиле сериозно злодело и недело – истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека и во Германија ги користат руските вакцини, кои се проверени и имаат добиено дозвола и во Европската Унија.
Ако нашиве се плашеле од руската вакцина, а од друга страна не им е страв да извезуваат земјоделски производи од компаниите на Заеви во Русија, тогаш тоа е лицемерие, затоа што сега станува збор за здравјето на граѓаните – потенцира Мицкоски.
Тој истакна дека не е важно дали е руска, германска, кинеска вакцината.
Штом Европската Унија ги дозволила не ја разбирам причината зошто македонската власт ја одбила истата. Криво ми е навистина кога гледам како цел свет се вакцинира, а ние кршиме прсти – заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.