Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на ТВ Клан, му одговори на министерот Венко Филипче за обвинувањата за непотпишаниот заем од Светска банка.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ истиот не го потпиша затоа што владата на СДСМ го планираше за предизборен поткуп.

Ако постоеше вистинка желба кај владата да се изградат модуларнтиие болници, да се иневстира во здравството, да се помогнат здравствените работници, да се заштитат здравствените работници и граѓаните, тогаш државната обврзница која што беше емитувана наместо 700 ќе беа позајмени 800 милиони евра, колку што првично бараше Македонија. Прашањето е кој даде налог, тие 800 да станат 700 кога каматната стапка беше поповолна. И зошто ресорниот министер тогаш без потпис од заменик техничкиот министер предложен од ВМРО-ДПМНЕ, потпиша ист таков кредит со Светска банка во февруари 2020 година. Зошто сега беше потребен вториот потпис, зошто во првиот бран се потпиша такво барање и комплетно беше игнорирн заменик техничкиот министер – потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека власта целосно потфрли во менаџирањето на здравтвената, но и на економската криза и затоа сега, владата не може да си дозволи нови порестриктивни мерки, бидејќи тоа ќе значи крах на економијата, за која власта не се погрижи.

Наместо 2.000 заразени лица, имаме повеќе од 30.000, а во моментов има повеќе од 10.000 активни и над 1.000 кои го загубија животот. Повеќе од 12% е зголемен јавниот долг, а секое семејство е задолжено за повеќе од 2.000 овие два месеца, имаме повеќе од 40.000 луѓе коишто или не добиле плати или го изгубиле работното место. Тоа се ефектите на мерките на владата – нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.