Да оговорат од власта дали мафијашот Седат Пекер имал средби со луѓе од владата, побара вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Само интервју“ зборувајќи за аферата „Мафија“ и издавањето на македонски документи на криминалци со лажни идентитети.
Документите ми ги даде свиркач. Чекавме од МВР да почнат со акција. Ама што чекавме. И сега сакаат да нè убеадт дека лицата кои сликаат и земаат отисоци тие се виновни. Еве за Седат Пекер јас знаев каде точно се наоѓал и со кого се среќавал. Еве нека демантираат дека не се среќавал со лица од владата. Пекер се бараше со потерница, 60 луѓе се упасени во Турција и прашањето е зошто е протеран на Косово, а не во Турција. Косово му приредува велелепен пречек, а не го барале на Косово. Јас да бидам министер би се прашал зошто го испорачувам во Косово, не во Турција. Мора да се најде логиечн одговор, рече Мицкоски.
Според Мицкоски ова е недозволиво да ви дојде тука балканска мафија, а власта да се однесува како што се однесува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.