Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по скандалот со пасошите.

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја запчона Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ потсетува дека требаше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници.

Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош?
Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира, пишува Мицкоски.

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 6 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.