ас навистина сум вчудоневиден како вака господинот Зоран Заев со леснотија го кажува ова. Бидејќи јас би ја лоцирал одговорноста, секогаш за да дојдеме до целта и до вистината ние мора да ја лоцираме одговорноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на МРТ.
Мицкоски додаде
„Јас навистина сум згрозен од ова што го слушам, без разлика на содржината каква е, дали е спротивна кон мене, или од мене кон други и итн. Јас сум згрозен и тоа не само што не го оправдувам туку тоа треба драконски да се казни, тука немам никаква дилема. Тука треба да се имплементира законот од првата буква до последната буква. Треба тоа да го расчистиме и како политичари тоа треба да го кажуваме“.
Мицкоски во дебатата посочи дека Зоран Заев бега од правдата и не сака да ја лоцира одговорноста за да стаса до вистината и да се казни секој оној кој што објавува нелегални материјали. Но затоа по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада тогаш законот и правото ќе се применуваат од првата до последната буква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.