Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска го посетија населеното место Јегуновце и остварија средба со жителите. Од таму Мицкоски порача дека за две седмици обновата на Република Македонија ќе започне. На 15-ти јули ќе ги стаса казната од народот СДСМ и Зоран Заев.
Изминативе 30 месеци поминав 100-тици илјади километри низ нашата мала но достоинствена, горда татковина. Разговарав со илјадници сограѓани, учев од нив за маката, за тешкиот живот, а тоа се гледа и во нивните очи. Не треба многу човек да е аналитичен, само е доволно да го погледа човека во очи и тогаш во таа длабочина на човечкиот поглед можете се да видите. Може да го видите тешкиот живот но и разочараноста од политичките елити. Велат вие ќе дојдете, ќе заминете, но пак се ќе остане исто, што ќе се менува за нас. Многумина доаѓаа, ветуваа , но за жал ништо не исполнија, или многу малку испорачаа. И токму тоа е велам нашата мотивација за да се фатиме за оваа работа, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека дојде моментот кога треба да се бори, да се бори за подобро утро за идните генерации за да останат во преубавата Македонија.
Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирани. Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирана каста и нивните семејства. Политичарот треба да биде тука долу со народот и тоа ќе биде првата лекција која што идните народни избраници од Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе ја добијат на 16-ти јули, заедно со читанката наречена „Проект – Обнова“. Тоа ќе биде првата лекција која што ќе мораат да ја знаат. Нема веќе канцелариски политичари, туку заедно со народот ќе бидат за да учат, а тоа што ќе го научат од народот ќе треба да го спроведат, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека секој оној кој што ќе биде дел о Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој што ќе има некаква задача, кој што ќе треба да одработи нешто за народот ќе треба да ја знае првата лекција од „Проект – Обнова“.
Политичарите треба да се жртвуваат за сопствениот народ. Политичарите треба да го водат народот, а не да се кријат позади него.
Се обврзуваме на најмaлку 25 проценти зголемување на минималните плати и пензии, се обврзуваме на најмалку 1000 километри реконструкција на патишта, се обврзуваме во земјоделството на најмалку 640 милиони евра субвенции загарантиран откуп во еден мандат. Се обврзуваме на 1000 политики и мерки, за вас и вашите блиски, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека нема да се заборави националното предавство на сегашната власт.
За помалку од две седмици треба да ги кажеме сите тие лузни кои ги оставија во овие три години. Шести ден слушаме како „можеле“ но можеа, но за жал ништо не направија, а ветуваа многу од 2016 година. Ние имаме план, наместо овие политички измамници кои ветија и не исполнија плата од 500 евра, дека ќе ги донесат Гугл и Фејсбук и што уште не, истакна Мицкоски.
Пред жителите на Јегуновце се обрати и носителката на листата во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска.
Таа им забележа на политичките противници од СДСМ за навредите кон жените од ВМРО ДПМНЕ.
Така силно ќе ве победиме што некоја од македонските жени ќе треба да ви смени пелените, онака од мајчински инстинкт, истакна Стојаноска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.