Несреќната прес-конференција на генералниот секретар на Владата, на која им се закануваше на новинарите и на политичките партии со тужби само покажува колку е немоќен.
Сум бил и јас мета на новинарски напади, но никогаш не ми паднало на памет да тужам новинар или да се зканувам. Можеби ќе го поканам лично да разговараме, да презентирам докази дека тоа што го зборува не е вистинито. Разочарувачки тажно беше да се слуша примитивниот напад на прес-конференцијата. Апелирам сите политичари кои се одредиле да бидат политичари, да вршат јавна функција, логично е да бидат на мета на јавностаа, на новинарските пера, но ние сме дел од тој хајд парк и мораме достоинствено да се однесуваме. Застанувам зад новинарите кои се чувствуваат загрозено од заканите на Рашковски и ги охрабрувам да го истераат до крај, а ние ако треба ќе формираме солидарен фонд за да ја надополниме штетата во песудата која знаеме дека во Кацарска судството ќе ја добие Рашковски, рече Христијан Мицкоски, кој вечерва гостува на вестите на Алфа ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.