„Нема слобода и живот без чист воздух” велеше Заев. Денес, година и пол од неговото владеење ја нема слободата, но чистиот воздух уште помалку. Македонија е најзагадената земја во Европа, а Скопје во неславна конкуренција за најзагаден град во Светот. Црнилата на СДСМ постојат во политиката, економијата, образованието, земјоделието, но ги има и во здравството, пишува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски зборува за лагите кои ги пласира Владата за чистење на воздухот.
Загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори. Немаат суштински мерки, ја успорија гасификацијата која претходно беше започната, излажаа дека имаат план. Излажаа дека ќе донесат чист воздух. Лажат и си поигруваат со здравјето и животите на граѓаните. Овие црнила мора да престанат, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.