Кадровската криза во СДСМ е толку голема, што откако ги вработија сите роднини на функционери и не остана незапослен роднина на функционер, започнаа нов процес да ги кандидираат луѓето по вторпат за иста функција иако веќе еднаш загубиле на избори, рече на денешната 18-та конференција на Унијата на жени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И во ваков еден уникатен систем Заевизам, при што нема друга држава во светот каде премиерот бил амнестиран за криминал и во исто време ослободен од гонење за криминал и поткуп додека бил на функција, раѓа и други уникатни девастирани блефери. Па, така се одлучија да го кандидираат Стево Пендаровски за претседател. Не знам во СДСМ но ние на факултет ги викаме квадранти, луѓе кои по вторпат запишуваат иста година затоа што паднале претходата. И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од вторпат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој пат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија, рече Мицкоски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.