Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на ТВ Стар истакна дека опозицијата и тој лично предупредувале за негативните последици од договорот за добрососедство со Бугарија уште пред да се потпише истиот. Денес благодарение на лошите политики на власта Мицкоски потенцира дека ние се бориме за егзистенција како народ, проблем кој е многу сериозен.
Вие го споменавте договорот кој што во последно време е актуелен, а тоа е договорот за добрососедство со нашиот Источен сосед. Сето ова кое што го гледаме денеска е резултат на погрешните политики на за жал актуелната Влада предводена од Зоран Заев. Ние за ова предупредувавме уште тогаш, но тогаш за жал никој не сакаше да не слуше, мислеа овие се регресивни, се грижат само за своите фотељи и без аргументи критикуваа. Не јас лично држев пресконференции, што ќе се случува. Денес за жал нашиот Источен сосед потпомогнат од Зоран Заев сака да асимилира современа македонска нација и современа македонска држава и сето тоа го условува со отпочнување на процесот на преговори или приближување на Македонија кон ЕУ, поточно да бидам попрецизен, онаа првата меѓувладина конференција која треба се одржи конечно кон крајот на оваа година. Покрај сите оние омаловажувања, понижувања кои ги преживеавме со Преспанскиот договор, преименувања, откажувања од првањата на нашето малцинство во Грција, буквално сето она кое што оваа Влада и ги причини на македонската нација. Покрај сите оние лажни ветувања, се сеќавам на оној настап на Зоран Заев во Собранието кога велеше радувај се Македонија, радувајте се Македонци отпочнуваме преговори пролетта 2018-тата година. Две и пол години подоцна ние се соочуваме со егзистенционаен проблем на овој Балкански полустров. И тоа не е наивно прашања, туку многу сериозно – порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.