Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ се осврна и на Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпертол АД по пат на спогодба кој е на дневен ред во Собрание по скрaтена постапка.
Прво, нема потреба ако Зоран Заев ветил дека ќе го купува делот од Гасоводот тоа да дојде во парламентот и да добие легитимитет од парламентот. Тоа може да го направи Владата, единствен ваков договор беше оној со ОКТА и знаеме како скандалозно заврши – рече Мицкоски.
Тој укажа дека минатата година во завршната сметка на Буџетот книжеа средства дека се префрлени на Национални енергетски ресусри кои ги калкулираа како капитална инвестиција во висина од околу две милијарди денари.
Ова е прецено или што прават тие, ако чини нешто сто сакаат да платат 95 – кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заклучи дека договорот со Макпетрол е прецент, а интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.