Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 Телевизија во емисијата „Отворено“ истакна дека Зоран Заев на митинг велеше дека не им дадовме предвремени парламентарни избори, само затоа што ќе ги прегазиме, еве сега видовме кој е прегазен на овие избори, вели тој.
Ако направите анализа и ако ги распределите мандатите според изборни единици, во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 и ако одземете 50.000 гласа, кои што ги освои кандидатот на СДСМ, ДУИ и останатите, а за кои што ДУИ самиот кажа дека му ги дале, тогаш распределбата на мандатите ќе биде 53, наспроти 44, 14,9, тоа е новата политичка реалност во Република Македонија, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.