Во денешното издание на дебатната емисија “Студио 10” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за погрешните одлуки на Зоран Заев и Владата, како и за спорните решенија околу договорот со Република Бугарија.
Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев долг период ги убедувал граѓаните дека тој всушност не разговарал за идентитетот, односно дека воопшто не се разговарало на таа тема поради тоа што македонските претставници одбивале да го стават на маса предлогот за било какво идентитетско разобличување.
Ќе бевме среќни доколку беше вистина она што тогаш Зоран Заев го кажа, но за жал после само два дена самиот се демантираше. Во едно негово гостување во радио програма, самиот тој призна дека идентитетот бил предмет на разговор на т.н преговори со бугарската дипломатија. Самиот тој кажа дека веќе нема да можеме да ја користиме придавката “македонски”, што претставува голем пораз за нас како држава и нација, вели Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со таквиот пристап кон решавањето на проблемите во однос на договорот со Република Бугарија, и токму поради тоа подава рака за национален спас. Мора да се формира влада за национален спас која заеднички ќе изгради несоборливи црвени линии кои ќе бидат штитот на македонскиот идентитет, заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.