Денес во рамките на својата дипломатска активност претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Загреб остварија средба со пратеничката во Хрватското собрание Маријана Петир, поранешна пратеничка во ЕП, основач на групата Пријатели на Македонија во Европскиот парламент.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ѝ Мицкоски се заблагодари на Петир за залагањето и посветеноста во промоција на интересите на Македонија и граѓаните на нашата земја.
Народот е посебно благодарен за отворената поддршка која ја добиваме од Хрватска, но и од Петир како долгогодишен промотор на нашите стратешки интереси – истакна Мицкоски.
На средбата стана збор и за актуелните предизвици на земјава на патот кон Европската унија, спорот со Бугарија, како и економската и здравствена криза.
Мицкоски истакна дека Владата во Македонија не смее да преговара за идентитетските прашања кои се наследен и траен белег на нашата земја и народ.
Спорот со Бугарија е последица на нестабилната, сервилна политика на Заев, кој не водејќи сметка за државните интереси, во преден план ги става личните интереси. Владата покажа дека не умее да затвара прашања во полза на земјата, туку отвора проблеми и спорови кои ја одведоа земјава во ќор-сокак – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски посочи дека сиромаштијата и корупцијата се едни од најзначајните проблеми на земјава, како и тоа дека ВМРО ДПМНЕ нуди перспектива, извесност и промена на политичкото мочуриште составено од политичарите од транзицијата.
Македонија мора да се придвижи на патот кон ЕУ при што е важна и добредојдена поддршката од пријателите како што е Хрватска – истакна Мицкоски.
Danas sam u Hrvatskom saboru razgovarala s @MickoskiHM i @AlexandarMKD o odnosima i suradnji Hrvatske i Makedonije, europskom putu Makedonije i podršci Hrvatske na tom putu te mjerama koje se poduzimaju u pogledu pandemije #COVID19 u zaštiti pučanstva i pomoći gospodarstvenicima. pic.twitter.com/oamH44PK66
— Marijana Petir (@marijana_petir) January 21, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.