Недобивањето на датум за преговори за членство во ЕУ е единствено казна за погрешните политики на Заев и неговата влада, рече во интервјуто за „Журнал“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Има многу арамилук, има многу криминал, има многу корупција во Македонија. Нема реформи, за жал. Реформи, кога велиме реформи на економија мислиме. Мислиме на реформи во образованието, во здравството. Сето тоа практично е дел од тој мозаик каде што ние како држава добивме „НЕ“ наместо „ДА“ за отпочнување на преговорите, рече Мицкоски.

Но, според Мицкоски не е само тоа причината.

Знаете вие, отиде да коленичи, да моли. А, истиот ден кога отиде во Брисел на шверцерски начин го злоупотребуваше европското знаменце во рамките на Собранието за да донесе измени во Законот за опојни дроги. Каде што нормално главен акцент се става на производството на марихуана. Што треба да донесе определени, дополнителни привилегии за компаниите на семејството Заеви, рече Мицкоски, додавајќи дека некој сето тоа го гледа и носи одлуки визави тоа што го гледа.

Според Мицкоски, тоа се политичари кои што не зависат од Зоран Заев и немаат никаква концесија кон Зоран Заев.

Да е некој судија или обвинител кој што ќе одлучи да му слугува на Зоран Заев, притиснат уценет. Ќе го гледа она дело кај што бара едно евро за Вицето, едно за црквата, па ќе рече дека не го гледа, не го слушам, не се случило тоа или можеби ќе го амнестира, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека луѓето од надвор го гледаат сето тоа и врз основа на тоа носат одлука.

Одлуката е таква каква што е. Има два дена, две изјави на двајца влијателни амбасадори на земји членки на ЕУ во Македонија кои што јасно кажуваат дека не сте пример во регионот, туку напротив. Има многу работи кои што наведуваат дека има голем криминал, голема корупција, нема реформи во правосудството, тесна врска на поврзаност со политика и правосудство. Односно сето она што тие го критикуваа во минатото и го поврзуваа со режим, сега го надградија, го проширија, го усовршија и уште полошо е денеска.

 

Не може да очекувате одлуки кои што ќе бидат онакви како што вие посакувате да бидат. Вие треба да имате квалитет вредности, за да добиете квалитет вредности. За жал кај нас тоа во овој политички естаблишмент раководен од Зоран Заев и СДСМ го нема, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.